Насловна / Архитектура / Вечерва нов протест за спасување на ГТЦ

Вечерва нов протест за спасување на ГТЦ

Вечер, во 19 часот, пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, Граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“  и „Шарена револуција“ најавија нов протест за, како што најавија, спас на Градскиот трговски центар од „барокизација“ и менување на изгледот на зградата на Македонска опера и балет и на НУБ „Св. Климент Охридски“.го сакам гтц

Новиот протест пред СЈО е закажан заради планираната „барокизација“ на ГТЦ, на објектите на МОБ и на Универзитетска библиотека. Со неодамнешното објавување на владината одлука за изработка на урбанистичка документација на посочените објекти, практично започна процедурата за нивно рефасадирање.

„Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие и ги одземаа надлежностите на општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културното наследство“, велат од „Го сакам ГТЦ“.

Поддршка да не се менува изгледот на ГТЦ и наведените институции даде и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Граѓаните повеќе пати протестираа против „барокниот“ изглед на ГТЦ и организираа т.н. „гушкање на трговскиот центар“.

Инаку, Министерството за култура ги демантираше информациите, фасадите на МОБ и НУБ Свети Климент Охридски во Скопје ќе бидат „барокни“.
Во 2013 година беше одлучено новата фасада на ГТЦ да се работи по идејно решение на Жарко Чаушевски. Предвидено е трговскиот центар да се преслече во „барок“, да добие плус уште еден кат, три куполи и повеќе „антички“ столбови и скулптури.

Испрати коментар

Scroll To Top