Насловна / Вести / Енергетска фасада и нови бои на зградата на булевар „Климент Охридски“

Енергетска фасада и нови бои на зградата на булевар „Климент Охридски“

Зградата број 13 на булевар „Климент Охридски“, изградена на значајна сообраќајница во 50-тите години од минатиот век, со руинираниот изглед до пред неколку месеци го нагрдуваше изгледот на просторот.Нова фасада (1)

Општина Центар ја реконструраше фасадата со површина од 2.179 метри квадратни, а како и на сите досегашни реконструкции на зградите, поставена е енергетско ефикасна фасада околу целата зграда, а не само на предниот дел.

Задржан е автентичниот изглед, а боите беа избрани во договор со станарите.Нова фасада (5)

Новата фасада овозможува многу подобри услови за живеење за станарите, кои сега ќе плаќаат за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Се работи за контактна фасада, изведена од стиропор со дебелина од пет сантиметри и завршен слој од пластичен малтер. Заменети се и окапниците и олуците.Нова фасада (4) Нова фасада (3)

Ова е 11-та зграда по ред која ја реконструираше  општина Центар. Средствата за реконструкција и на оваа фасада се одвоени од буџетот на општината.

Испрати коментар

Scroll To Top