Насловна / Арт и дизајн / Вечерва изложба „FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на Александар Кондев

Вечерва изложба „FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на Александар Кондев

Во Националната галерија на Северна Македонија (објект „Мала станица“), денес, 21 мај со почеток во 20.00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на реномираниот македонски фотограф Александар Кондев.

Amerikan pokana

Фото приказната за катедралата Frauenkirche во Дрезден Александар Кондев ја започнува во 1998 година и таа траеше цели дваесет години – до јуни 2018 година. Во тој временски распон Кондев во повеќе наврати го фотографира „враќањето во живот“ на оваа катедрала, инаку речиси целосно уништена од сојузничките бомбардирања во последните месеци на Втората светска војна. Овој проект на Кондев, според неговиот карактер претставува предизвик на неколку рамништа, меѓу кои два се во самиот фокус: реконструкцијата на катедралата Frauenkirche и фото-приказната на уметникот за тој процес.

File0026

Секако, на обете рамништа доаѓа до израз потенцирањето на (денес заборавената) документаристичката моќ на фотографијата, но и нејзината „употреба“ во современ творечки контекст. Оттука оваа изложба ги поврзува, ги „документира“ двата процеси истовремено: текот на реконструкцијата на катедралната црква и субјективната интерпретација на тој процес како самостоен, авторски „проект во процес“ на Александар Кондев.

DSC03653

Целосно соживеан со овие процеси фотографскиот апарат на Кондев селектира – од широки („информативни“) планови, преку себедоволни архитектонски детали и конструкции, до она без што еден религиозен објект не би бил тоа што е’: луѓето во него.

Куратор на проектот е виш кустос, Златко Теодосиевски.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top