Насловна / Вести / В година ќе се градат првите куќи во Сончев град

В година ќе се градат првите куќи во Сончев град

soncev grad

Според инвеститорите од турската компанија „Џеваир холдинг“, кои од Владата купија 83 хектари земјиште за 1,8 милион евра, изградбата на новата населба Сончев град во Сопиште може да почне напролет в година, пишува „Дневник“.
Токму напролет се очекува да заврши изградбата на новиот пат на планината Водно, сообраќајна врска меѓу Сопиште и Скопје, најавен од Владата како предуслов за почеток на проектот.
Трасата за патот беше пробиена во јули 2013 година, а неговата намена е да ги спои јужната и северната падина на парк-шумата. Патот е практично продолжение на улицата „Тодор Александров“ (поранешна „Салвадор Алјенде“), која минува покрај поранешниот хотел „Панорама“ кон Средно Водно, каде што на вториот голем свиок се двои и продолжува кон идната населба.
Така, освен активности за изградба на патот, долг 4,5 километри, во моментов траат и градежните активности за реализација на фекалната канализација за населбата. Во август годинава беше избран изведувач, фирмата „Жикол“ од Струмица, а за водоводот изведувачот допрва ќе се бара. Фекалната канализација, чиј рок за завршување е крајот на 2015 година, и водоводот се инвестиции на Министерството за транспорт и врски. Двата проекта ќе чинат 9,5 милиони евра, пари што ќе се издвојуваат во три фискални години. Патот чини 6,7 милиони евра, исто така буџетски средства, а го изведува Агенцијата за патишта.
Во рамките на новата населба Сончев град, предвидено е отпрвин да се изградат најмалку 75 куќи, со кои ќе се запази договорот за исполнување 10 отсто од целиот проект. Општината Сопиште во мај годинава издаде градежни дозволи за овие куќи. Од нив повеќето се луксузни, а ќе има и неколку колективни објекти, трговски центар, образовни дејности, бензински пумпи, објекти за рекреација. Сите ќе се градат по принципот клуч на рака.
Во Сончев град е предвидено да се изградат околу 600 куќи за речиси 6.000 жители.

Испрати коментар

Scroll To Top