Насловна / Вести / Почнува 42. Меѓународен саем за градежништво во Белград

Почнува 42. Меѓународен саем за градежништво во Белград

„Вистинска одлука во вистински момент“ е слоганот на овогодишниот 42. по ред Меѓународен саем за градежништво SEEBBE, што се одржува од 19 до 23 април годинава на Белградскиот саем.

Спонзор на овој водечки саемски настан во Југоисточна Европа во областа на градежништвото, е грчката компанија „Ролка“, а официјално осигурување на настанот е „Триглав“.saem za gradeznistvo belgrad

Со промоција на материјали, машини и други производи кои се користат за градење, реновирање, реконструкција и опремување на станови, куќи и разни деловни простори, излагачите ќе ги претстават сите сегменти на градежната индустрија.

Учесници во настанот оваа година се сите истакнати градежни производители, дистрибутери, како и трговци со опрема и материјали од регионот и светот. Тие се подготвени за посетителите на саемот да дадат специјални попусти – до 30 проценти, а ќе понудат и специјални можности за плаќање на производи и услуги.vnatre

На саемот ќе учествуваат повеќе од 500 излагачи, производители и дистрибутери и претставници од градежната индустрија од 24 земји од светот.

Така, меѓу странските излагачи се компании од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Германија, Грција, Хрватска, Унгарија, Индија, Италија, Полска, Македонија, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Словенија, Јужноафриканска Република, Јужна Кореја, Шпанија, Швајцарија и Турција.

Од Македонија, со свое редовно присуство и презентација се појавува компанијата „АДИНГ“, една од водечките компании во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото.

Домашните излагачи од Србија се подготвени да го претстават духот на српското градежништво, да понудат најнови решенија од монтажното градење на куќите и викендички направени од дрво, но, исто така, и да промовираат изградба на објекти со користење на најновите технологии.

Отворениот простор на саемот ќе биде исполнет со елементи и материјали од градинарската индустрија и од областа на хортикултурата.saem za gradeznistvo belgrad

За саемот ќе биде претставена и богата програма од столарија, опрема за осветлување, уредување на ентериери и екстериери, како и компјутерски софтвери и машини за обработка на профили за прозорци и обработка на стакло.

Посебен сегмент се најразличните материјали за градење и широкиот спектар на други градежни материјали, како и голем избор на производи од бетон и уреди за климатизација и греење. Посетителите ги чека и голем избор на керамичка галантерија, мебел за бања, опрема за базени и сауни, како и термо, хидро и звучна изолација, материјали за завршни обработки – бои, лакови, но и молерски алатки.

За време на манифестацијата, посетителите ќе имаат можност да добијат бесплатни стручни совети за уредување на ентериери.

Испрати коментар

Scroll To Top