Насловна / Вести / Усвоен законот за приватизација на 30% од енергетиката во Грција

Усвоен законот за приватизација на 30% од енергетиката во Грција

grcija energetika privatizacija

Грчкиот парламент го усвои законот со кој се предвидува приватизацијата на 30% од Државната Енергетска Корпорација (ДЕК).

Законот предвидува поделба на енергетскиот монопол на два дела и продажба на околу 30% од средствата на „ДЕК“, вклучувајќи ги производствените капацитети и рудниците. Делумното дезинвестирањето на енергетскиот сектор е едно од барањата на меѓународните кредитори, за да добие Грција нови кредитни транши.

За време на гласањето пред зградата на парламентот се одржаа демонстрации, организирани од енергетските синдикати и опозициските партии. Претходно вчера најголемиот синдикат во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) започна 24-часовен штрајк во знак на протест против приватизацијата на „ДЕК“, новата серија  кратењата на платите и пензиите.

Синдикатот сака трансформација на привремените договори во постојани и откривањето на нови работни места. „АДЕДИ“ е категорично против приватизацијата на државната енергетска корпорација, водните компании на Атина и Солун, пристаништа, плажи и слична државна сопственост.

Испрати коментар

Scroll To Top