Насловна / Архитектура / Рем Колхас: Мислам дека има живот во архитектурата

Рем Колхас: Мислам дека има живот во архитектурата

korea golden lionПретседателот на Биеналето во Венеција Паоло Барата, придружуван од овогодишниот куратор на Интернационалната изложба на архитектура, холандскиот архитект Рем Колхас, ги обединија претставниците на 66 земји од светот, учесници на 14. по ред архитектонско биенале, кое ќе трае од 7 јуни до 23 ноември 2014. Биеналето како и секогаш се одржува низ неколку локации во Венеција, и тоа во паркот Жардини,  историскиот комплекс Арсенале, како и на неколку места во самиот град.

10456260_10152150368972374_187056084_nНасловот на 14. Интернационална изложба на архитектура е „Основи“, а е избран од страна на Рем Колхас. Според него, овој пат изложбата ќе биде за архитектурата, а не за архитектите. За разлика од последните неколку манифестации, кои беа посветени на одбележување на современоста, „Основи“ се фокусира на историјата и развојот на националната архитектура во период од 100 години. Во три комплементарни манифестации оваа ретроспектива ќе го генерира свежото сфаќање на основниот архитектонски репертоар, кој денес е очигледно исцрпен.

Во 1914 година имало смисла да се зборува за кинеска, швајцарска и индиска архитектура, додека само 100 години подоцна, како последица на војните, различните политички режими и различните нивоа на равој, националните и интернационалните архитектонски движења, индивидуалните таленти, како и технолошкиот развој, архитектурата што била специфична и локална, се претворила во заемна и глобална. Ова би значело дека националниот идентитет навидум е жртва на модерното.

Идејата на изложбата е земјите преку своите павилјони да одговорат на една заедничка тема, а тоа е „Апсорбирање на модерното 1914-2014“, каде секој на свој начин ќе го прикаже процесот на бришење на националните карактеристики во корист на присвојување на универзалноста на модерниот јазик во еден репертоар на типологии.

Претседателот на Биеналето Паоло Барата изјави: „Ние сме универзално препознатливи како најважен настан во светот на архитектурата. Ние сме местото каде архитектурата зборува за себе и каде се сретнуваат животот и општеството во целина“. На овој проект Колхас повеќе гледа како на средство за истражување отколку како на изложба.

Националните павилјони во паркот Жардини за првпат се обединети под еден наслов: „Апсорбирање на модерното 1914-2014“, каде секоја држава поединечно ги разгледува влијанијата од модернизацијата во последниот век. Во централниот павилјон во Жардини е концептуланата изложба насловена „Есенцијалните елементи во архитектурата“, преку која со форензички испитувања на делови од објектите се проучува нивното значење. Концептот на изложбата е така обмислен што секоја соба е посветена на поединечен елемент (таван, прозорец, коридор, под, балкон, фасада, огниште, ѕид, тоалет, ескалатор, лифт, скали, рампа, покрив и врата) во кои се следи нивниот развој и варијација, односно нивно пресоздавање во зависност од различните опкружувања и средини. Самиот концепт на изложбата ги соединува минатите, сегашните, како и идните верзии на елементите. „Пред само неколку години никогаш не би помислил дека ќе предложам таква иронична идеја за изложба“, вели Колхас, и додава: „Но, кога почнавме да правиме истражувања за овие елементи беше како првпат да погледнуваме низ микроскоп и да откриваме сосема непознати видови. Се надевам дека и другите ќе ја почуствуваат истата возбуда при посетата“.

Korea-Pavilion-biennale2Златниот лав како награда за најдобро национално учество на манифестацијата ја доби Кореја под кураторство на Минсук Чо. Насловот на изложбата е „Поглед низ окото на гавран: Корејскиот Полуостров“, каде комисијата констатираше невообичаен успех во однос на еден нов и богат начин во презентирањето на архитектонското и урбанистичкото знаење во една доста напрегната политичка ситуација. Во овој павилјон беше презентирана архитектурата од Северна и Јужна Кореја, како средство, односно механизам за генерирање на алтернативни прикази кои истовремено ги презентираа секојдневното и монументалното на еден нов начин.

chile-s-monolith-controversies-winner-of-the-silver-lion-at-the-venice-biennale_bie_chi_5Чиле беше добитник на Сребрениот лав со изложбата под наслов „Монолитни контроверзии“. Комисијата изјави дека фокусирајќи се на еден од есенцијалните елементи на модерната архитектура – префабрикуваниот бетонски ѕид, изложбата дава критички осврт на улогата на елементите на архитектурата во зависност од различниот идеолошки и политички контекст.

Посебно беа одвоени, и специјално спомнати националните учесници од Канада, Франција и Русија. Канадскиот павилјон воодушеви со беспрекорно изработените модели и графичкиот приказ на изложбата насловена „Адаптација“. Под имињата на Лола Шепард и Масон Вајт, целта на проектот е да почне да се размислува за тоа, како архитектите можат да работат на Северот во едни несфатливи услови, со тоа што прво ќе мора да ја демистифицираат неговата уникатна географија и култура.

538f7aefc07a805cea000293_inside-arctic-adaptions-special-mention-winner-at-the-venice-biennale-2014_bie_can_3Еден од највпечатливите, францускиот павилјон, на посетителите им го постави тематското прашање: „Модернизам – ветување или закана?“, што е критички одговор на главната тема на националните павилјони на Биеналето – „Апсорбирање на модерното 1914-2014“. Кураторот Жан-Луис Коен ги поставува прашањата на лажната илузија за тоа дека модерната ќе донесе исклучителен прогрес и благосостојба, а всушност нè пренасочува кон посложена реалност која не секогаш е јасна. Видео проекцијата, што континуирано се прикажуваше во павилјонот во повеќе простории, ја обработуваше иронијата со доза на драматичност, која само го нагласуваше главното прашање  „Модернизам – ветување или закана?“, на кое од оваа гледна точка навистина е тешко да се даде единствен одговор.

5388dddfc07a803df400001e_venice-biennale-2014-russia-to-assemble-expo-of-urban-ideas-from-past-century-_russian_pavilion_10_metroДефинитивно, павилјонот со најголема контроверзност беше оној на Русија под наслов „Доволно фер“. Павилјонот е обмислен како меѓународен саем, каде преку универзален јазик се презентираат 20 продажни фиктивни претставници кои изложуваат примери од модерната руска архитектура, како продукти и концепти за продажба. Институтот „Стрелка“ од Москва е куратор на оваа изложба, која е ироничен одговор на темата на националните павилјони. „Доволно фер“ не претставува саем на продукти, туку изложба на идеи. Крајната цел на изложбата е да го искористи минатото за да предизвика критичко размислување за сегашноста и да инспирира нови идеи за иднината. Ова е суштината на паролата на павилјонот, која гласи: „Минатото на Русија, наша сегашност“.

_MG_0224Конечно, македонскиот павилјон, сместен во комплексот Арсенале, ништо помалку не ги воодушевуваше посетителите во однос на останатите изложувања. Компактниот дизајн, јасноста и читливоста, но истовремено присуството на одредено концептуално ниво е она што привлече неколку илјади посетители да застанат и да го проучат она што беше одговор од нашата земја. Под насловот „Наоди“, чиј куратор е професор д-р Јован Ивановски заедно со Владимир Десков, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Александар Радевски, Ана Ивановска и уште десетина соработници вклучени во различни сегменти на проектот, тие создадоа продукт со истражувачки квалитет и неверојатна физичка појава. „Наоди“ својот фокус го става на развојот на градот Скопје како главен административен центар, кој најимпресивно сведочи за модернистичките интерполации, особено по неговата изградба после земјотресот во 1963 година. Во временска рамка од 100 години се согледува целокупниот диверзитет на архитектонското наследство. Токму Скопје е земен како пример на континуирани прекини во процесот на модернизација, создавајќи специфична урбана реалност која преставува колаж на извадоци (историски, социјални,културни…) кои заемно коегзистираат. Во физичка смисла истражувачкиот процес е претставен преку призматично тело со димензии 3 x 3 x 2,2 m каде во горната зона низ хронолошка лента се претставени 50 општествени објекти кои се изградени во последните 100 години во главниот град. Во внатрешноста на телото беа поставени модели на реализираните објекти изработени од различни материјали, како и огледални површини со цел да се постигне преклопување на различни леери кои го покажуваат развојот на Скопје, за на крај, на поставената мрежа со која е покриен павилјонот, да бидат поставени црни модели кои ја претставуваат денешната конфигурација на градот. За таа цел беа поставени неколку скали на страна од павилјонот, на кои посетителот има можност да се поткачи за да може да ги проследи сите преклопувања и финалниот аутпут на целиот досегашен развој. „Најмногу позитивни коментари добивме во однос на усогласеноста на нашата тема со генерално поставената, за исцрпноста на нашето истражување, за впечатливоста на изложбената поставка, како и за монографскиот карактер на публикацијата“. Авторите на проектот „Наоди“ ги изнесоа деталите и пред новинари од повеќе меѓународни стручни магазини, од кои во наредните недели очекуваме да го публикуваат проектот. „Во однос на одгласите на пошироката публика, оние пишаните ги собираме во книга на впечатоци, која е изложена во павилјонот, каде што посетителите можат да ги остават своите коментари и во која ќе имаме увид по завршувањето на изложбата“, изјави кураторот Јован Ивановски.

_MG_0003 _MG_0072 _MG_0099 - Copy _MG_0012 _MG_0127 _MG_0190 - Copy 21 25За крај, Венециското биенале на архитектурата е еден исклучителен настан каде се развива критичкиот став и се согледува нивото на архитектонската размисла, каде се отстапува од самореферентноста и се согледува развојот во светски рамки. Оваа година се направи една ретроспектива која се однесуваше на минатото, а се рефлектираше во сегашноста. Во таа смисла, Рем Колхас успеа да разоткрие и да истражува со поинаков пристап. „На архитектурата секогаш се смета за сериозна дисциплина, ние целиме да се ослободиме од овој притисок на константна сериозност. Мислам дека има живот во архитектурата“, вели тој.

Испрати коментар

Scroll To Top