Насловна / Архитектура / Урбано раскажување: Пракси на пишување и цртање архитектура

Урбано раскажување: Пракси на пишување и цртање архитектура

Archi | Contempaltives е платформа за експериментални форми на учење архитектура, која што се стреми да понуди висококвалитетни дигитални образовни процеси, создавајќи еднa живописна Заедница на слободоумни архитекти, писатели, креативци, мислители и други вљубеници во интердисциплинарното поле помеѓу архитектонското проектирање и пракса, литературните и книжевни уметности, етичката педагогија и контемплативните пракси.

Завземајќи позиција против трауматичниот круг на поттиснување на внатрешниот глас на младиот човек од страна на големи образовни институции, сме водени од нашиот нескротлив копнеж да создадеме средина на учење која почнува од (свесните и несвесните) таленти и афинитети на секој поединечен студент, од неговата/нејзината единствена личност и убавина.

Ние сме архитект (Викторија, PhD, MArch) и контемплативен учител (Давид, BA pth., MAABS, logotherapist) кои копнеат да го олеснат процесот на целовито оживување, вотеловување и трансформирање на пристапот кон архитектонските и еколошките погледи на млади креативци, согласно на нивниот внатрешен глас.

Учиме како да бидеш повеќе Ти, и да бидеш помалку она кое што другите луѓе очекуваат да бидеш.

Учиме како преку преплетени форми на цртање и пишување простор, да се негува внатрешниот творечки јазик, да се открива и истражува на сопствената просторна интелегенција и меморија, како скриена и неразбудена форма на лична архитектонска мудрост.

01_resize

МОДУЛИ НА УЧЕЊЕ: „НА КОЈ ПРОГРАМ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПРИЈАВАМ“?

Создадовме три можни начини на учење, поаѓајќи од потребите на различни креативци кои ги сретнавме во нашето педагошко искуство.

1. Првиот е самоводечки онлајн курс, наречен Урбано Раскажување Курс“, каде што учењето и творењето се одвиваат преку снимени предавања, работни листови и пишани насоки на имплементација на знаењето преку пракса.
Овој програм го препорачуваме на оние кои уживаат во независно учење, следејќи го единствено својот ритам на создавање. Курсот ќе Ве научи на техники со кои ќе навлезете во своето вотеловено искуство, разбирајќи го како ваша доживеана и скриена архитектонска мудрост.
Програмот ќе Ве води низ творечко нурнување во себеси, преку свесно разбирање на вашите вотеловени проектански принципи. Ќе научите да препознаете, прочитате и интерпретирате значајни приказни на постоечките локации на вашето истражување, и симултано ќе ги научите како да ги збогатите овие постојни наративи со Вашиот внатрешен проектански јазик.

 

001_resize

2. Втората форма на учење и учествување во Летната школа е Индивидуално Менторство.
Индивидуалното менторство е токму за оние креативци, кои уживаат да работат сами со повремени дијалози со менторот. Индивидуалното менторство е напреден степен од онлајн курсот, затоа што носи искуствено и практично разбирање на материјалот понуден во снимените предавања, преку колаборативно цртање во живо со Викторија.
Секоја сесија ќе биде потполно посветена на прашањата и предизвиците со кои ги доживува студентот во неговата креативна пракса. На “одговорите” и “решенијата” на овие проблеми ќе им се пристапи преку вотеловена пракса на колаборативно цртање и пишување архитектура.

002_resize

3. Tретиот начин на учење и присуствување во Летната школа Урбано Раскажување e Групно Менторирање, кое често го именуваме „Цртачката Петорка“
Цртањето во група под менторство на Викторија, е замислено токму за оние личности кои уживаат да учат меѓусебно во помала група од пет креативци. Претставува патување полно со интензивна пракса на пишување и цртање во живо, и го препорачуваме на оние кои сакаат подлабоко да ја истражат и искомуницираат нивната работа, додека истовремено ги слушаат приказните на останатите студенти, за време на колаборативно цртање и пишување со Викторија, во живо.
Оваа форма на учење е напреден степен од онлајн курсот, затоа што носи искуствено и практично разбирање на материјалот понуден во снимените предавања.

003_resize

КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ВО ЕДНА СЕДМИЦА, АКО УЧЕСТВУВАМ ВО ЛЕТНАТА ШКОЛА „УРБАНО РАСКАЖУВАЊЕ“?

Летната школа ќе се одвива во текот на 12 седмици, 8-ми август до 30-ти октомври, онлајн.

Сите пријавени учесници ќе добиваат по едно едукативно видео/предавање седмично, долго помеѓу 20 и 70 минути, зависно од конкретната тематика.

Учесниците кои ќе се пријават на програмите со водено Менторство, ќе добијат додатни 90 минути на колаборативно цртање преку онлајн сесии со Викторија (индивидуално менторство или цртање во водена група).

КОМУ Е НАМЕНЕТА ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА УРБАНО РАСКАЖУВАЊЕ?

Летната школа за Урбано Раскажување е за тебе, доколку си или учиш да бидеш:
архитект

  • писател
  • уметник посветен на просторни прашања
  • заљубеник во медитативни и контемплативни пракси, со интерес за уметноста
  • наставник или педагог со интерес во уметност, архитектура, етика и контемплација.

„ШТО ЌЕ НАУЧАМ“?

Летната школа за пишување и цртање архитектура, „Урбано Раскажување“, во било кој од трите формати, ќе ви помогне да ја развиете својата пракса на:

  • слушање на внатрешниот глас
  • негување на мудроста во вашето проживеано и замислено искуство
  • заострување на свесноста за вашата просторна интелегенција
  • преведување на вашето посматрање во архитектонски наратив
  • интегрирање на нови видици во вашите стручни проектантски процеси
  • трансформирање на вашата архитектонска пракса во согласност со вашата внатрешна мудрост.

ЗА НАС

Archi | Contemplatives е едукациска платформа која истражува креативни пракси на пишување, цртање и контемплација во архитектонското посматрање и проектирање, основана од Викторија Богданова (PhD, MArch, architect) и Давид Сракар (BA pth., MAABS, logotherapist).

Прочитајте повеќе на нашата веб страница. Ве очекуваме!

https://www.archicontemplatives.com/

004_resize

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top