Насловна / Вести / Урбанистички планови за мали бизниси во општина Битола

Урбанистички планови за мали бизниси во општина Битола

malovistaСоветот на општина Битола донесе одлука за отпочнување постапка за пристапување кон изработка и донесување локална урбанистичка документација (ЛУПД) за изградба на објекти за мали бизниси во неколку населени места на општината.

Инвеститори од Битола покажале интерес за отворање мали компании во селата Маловишта, Нижеполе и Логоварди и ќе ја финансираат постапката за изработка и донесување на ЛУПД, информираат од локалната самоуправа.

– Станува збор за почнување постапка за пристапување кон изработка и донесување ЛУПД за изградба на рибник за одгледување на речна калифорниска пастрмка во катастарската област на селото Маловишта со површина од 10.394 квадратни метри. Во атарот на селото Нижополе кај местото викано „Чакал“ има интерес за изградба на големи угостителски објекти за што ќе се урбанизира површина од околу 4.300 квадратни метри, додека во атарот на селото Логоварди кај местото викано „Макалева јасика“ ќе се градат објекти со намена за сервиси и стоваришта, потврдуваат од општина Битола.

Изработката на локалната урбанистичка планска документација е во функција на локалниот економски развој и поддршка на малите бизниси во општина Битола.

Испрати коментар

Scroll To Top