Насловна / Архитектура / Уметничка галерија Hongkung од студиото PENDA

Уметничка галерија Hongkung од студиото PENDA

Hongkung_Art_Gallery (2)
Ситуирана на третата јужна обиколница на Пекинг, уметничката галерија Hongkung со својот бел екстериер борави како скулптурална фокална точка во однос на опкружувањето.  По влезот во галеријата, обезбеден преку монолитен отвор во фасадата, арковидните вијугави форми продолжуваат низ ентериерот, суптилно соединувајќи се во бела, чиста просторија, предвидена за изложување на уметнички дела.
Hongkung_Art_Gallery (4)

Hongkung_Art_Gallery (5)
Отворените партиции во галеријата обезбедуваат широк простор за тематските изложби, додека нежно извиениот влезен простор природно ги вовлекува и насочува посетителите кон остатокот од објектот.
Hongkung_Art_Gallery (6)
Цврстата експресија на екстериерот континуално се интегрира во изразот на ентериерот, потенцирајќи ја скулптуралноста на целината. Арковите, различни по своите димензии и ориентација, креираат континуирана, смирена извиена линија која прераснува во скулптурална интерпретација на пејзажните уметнички дела, изложени во галеријата.
Hongkung_Art_Gallery (3) Hongkung_Art_Gallery (1) Hongkung_Art_Gallery (1)

Испрати коментар

Scroll To Top