Насловна / Вести / Ќе се означат археолошките локалитети во Чешиново-Облешево

Ќе се означат археолошките локалитети во Чешиново-Облешево

rsz_spancevo_6
Местата кои имаат посебна историска и културна важност во општина Чешиново – Облешево наскоро ќе добијат соодветни обележја.
Во Локалната самоуправа во подготвителна фаза е проект со кој на сообраќајниците ќе бидат поставени специјални знаци што ќе ги упатуваат посетителите на местата што можат да ги видат.
Ќе бидат обележани археолошките локалитети Свети Атанасиј кај Спанчево, Пилаво кај Бурилчево, бањата во истоименото село и други места што можат да бидат интересни за посетителите.
Парите за реализација на идејата се обезбедени преку Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, а таблите за знаците веќе се нарачани за изработка кај специјализирана фирма.
Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново – Облешево вели дека фирмата што ќе ги произведува овие патокази или знаци за културните знаменитости ќе бидат завршени во текот на овој месец.

Специјалните патокази за културтно-историските и други знаменитости се со кафеава боја и освен името на локалитетот содржат и соодветен симбол што го карактеризира местото.

Испрати коментар

Scroll To Top