Насловна / Вести / Улицата кај „Рекорд“ отворена за сообраќај

Улицата кај „Рекорд“ отворена за сообраќај

obnovena ulica kaj rekord

Улицата кај „Рекорд“ повторно се отвора за сообраќај. Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на коловозната лента во должина од 200 метри, на потегот од Театарот за деца до автобуската постојка спроти поранешен „Рекорд“, односно до клучката со улицата „Никола Вапцаров“.
Ова беше едно од четирите најоштетени автобуски стојалишта во Скопје. Минатата година се санираше автобуското стојалиште спроти МАНУ, а оваа година планирано е да се реконструираат уште три.
Инвестицијата за оваа реконструкција изнесуваше четири милиони денари, а градежните активности ги изведе ГП „Бетон“.

Испрати коментар

Scroll To Top