Насловна / Вести / Укината забраната за движење на товарни возила на Стража и Пресека

Укината забраната за движење на товарни возила на Стража и Пресека

Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, од  07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.стража пресека

Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри. На патниот правец  Делчево – граничен премин Делчево задолжителна е зимска опрема за тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. На коловозите има остатоци од снег по интервенцијата од дежурните екипи на Ј.П. Македонија пат.

Испрати коментар

Scroll To Top