Насловна / Вести / Учествувајте на летните школи на Универзитетот во Љубљана

Учествувајте на летните школи на Универзитетот во Љубљана

Дојде летото, а со него и одлични можности да ја запознаете Словенија и Љубљана!

Ако планирате да студирате на Универзитетот од Љубљана или ако ве интересира каков е животот во Словенија и во нејзиниот главен град, видете ги летните школи организирани од факултетите и академиите на овој универзитет кои се одлична можност да го запознаете градот, да ги подобрите своите вештини и да стекнете нови искуства.

Годинава, факултетите и академиите на Универзитетот од Љубљана нудат голем избор од над 50 летни школи од широк спектар на дисциплини: од економиски и деловни науки, природни науки до социјална работа како и од техничките науки. Посетете ја нашата страница и изберете еден или повеќе курсеви што ви се допаѓаат и поминете го летото со нас: https://www.uni-lj.si/en/study/summer-schools.

Автор: Андреј Тарфила, Ја чувствувам Словенија

Учествувајќи во летните школи, можете да искусите како е да се живее во Љубљана, да го запознаете градот и да го почувствувате духот на студирањето на Универзитетот во Љубљана, но и да се подготвите за почетокот на студиите на нашиот универзитет, ако планирате да студирате со нас.

Се надеваме дека успешно се пријавивте на посакуваните факултети и академии во првиот уписен рок за додипломски студии! На крајот на летото, ќе имате можност да се пријавите во вториот уписен рок или во рокот за се уште непополнетите места, така што ве покануваме да ја посетите нашата страница за повеќе информации во врска со условите за упис.

Оние кои се заинтересирани за магистерски и за докторски студии се уште имаат шанса. Посетете ја нашата страница и дознајте што треба да упис на магистерски и на докторски студии, за да не ги пропуштите роковите за упис!

Автор: UL-IFP

Покрај летните школи, коишто се одлична можност за запознавање со животот во Словенија, нашите меѓународни студентски амбасадори може исто така да ви помогнат во тоа. На нашата страница можете да ги најдете контактите на 15 меѓународни студенти од различни држави, кои студираат на факултетите и академиите на Универзитетот од Љубљана и можете да ги контактирате и да ги прашате се што ве интересира во врска со студиите на Универзитетот од Љубљана, за конкретен факултет или академија, како и за животот во Љубљана и Словенија.

Можете да најдете повеќе информации за нивните искуства како меѓународни студенти, како и некои совети за упис, избор на факултет, наоѓање сместување, адаптирање, учењето на јазикот и уште многу други работи во видеосеријата „Со меѓународните студенти за…“.

Многу е важно да ги изберете соодветните студии и адекватно да се подготвите за нив. Ако сте заинтересирани да студирате на Универзитетот од Љубљана, како и за другите активности како што се летните школи, предлагаме да ја посетите нашата веб-страница, социјалните мрежи, како и штандовите на виртуелниот саем за образование »Na koji ćeš faks«. Ако ви треба совет или помош, не двоумете се да стапете во контакт со нас. Ќе дадеме се од себе да ви обезбедиме информации и одговори на вашите прашања поврзани со студирањето и активностите на нашиот Универзитет!

https://www.uni-lj.si/en

study.info@uni-lj.si

Испрати коментар

Scroll To Top