Насловна / Вести / Турција во септември го завршува новиот „проект на векот“ за пренос на вода на Кипар

Турција во септември го завршува новиот „проект на векот“ за пренос на вода на Кипар

turcija-kipar vodovod

Проектот за пренос на вода од Турција до Кипар по цевковод под Средоземното Море ќе биде завршен во септември, соопшти турската владејачка Партија на правдата и развојот, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Планот наречен „проект на векот“ предвидува да го снабдува Северен Кипар со вода од вештачкото езерто Алакопру во Анамур во турскиот округ Мерсин.

turcija voda za kipar
Ихсан Шенер, одговорен претставник на партијата за врски со јавноста, изрази очекување цевководот да биде изграден и да започне да функционира уште во септември.

Се очекува преку реализација на проектот да биде обезбедена потребата од вода за пиење на кипарските Турци во наредните 50 години.

Годишно преку цевководот ќе поминуваат 75 милиони кубни метри вода од Турција за Северен Кипар.

Испрати коментар

Scroll To Top