Насловна / Арт и дизајн / Аукција на предмети од култниот филм „Казабланка“

Аукција на предмети од култниот филм „Казабланка“

На 24 ноември ќе се одржи лицитација во аукциската куќа Bonham’s, на која ќе бидат изложени повеќе од 30 предмети од филмот „Казабланка“. Меѓу нив како главен предмет се издвојува пијанино, кое било купено на аукција на куќата Sotheby’s за 602 илјади долари, и така две години тоа било во сопственост на приватен колекционер. Сега се очекува дека неговата цена ќе се зголеми на најмалку еден милион долари.

aukcija na pijanino na kazablanka

Освен пијаниното, обожователите на филмот со подлабок џеб на аукцијата ќе можат да ги купат финалната верзија на сценариото на филмот, фотографии со автограми на актерите, но и вратата на ноќниот клуб, каде што се сретнале  главните ликови (Хемфри Богарт и Ингрид Бергман) на филмот.

Испрати коментар

Scroll To Top