Насловна / Вести / Трета студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Трета студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

studentska konferencija enerefikasnost1

Третата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој ќе се одржи од 19 до 21 ноември годинава, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Сите заинтересирани млади ентузијасти, потребно е да испратат уредно и целосно пополнета пријава за учество најдоцна до 10.9.2015 год.

Сведоци сме на сè поголемата актуaлизација на прашањата поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој кои се однесуваат на рационално искористување на енергијата и заштеда на енергетските ресурси.

Токму затоа, учесниците на оваа конференција треба да се охрабрат со своите трудови и дискусии да придонесат за промоција и поинтензивен напредок во областа на енергетската ефикасност и принципите на одржлив развој.

За сите дополнителни информации посетете ја веб-страницата http://skeeor.feit.ukim.edu.mk/.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top