Насловна / Вести / ЈП „ПОЦ“ во нови простории

ЈП „ПОЦ“ во нови простории

jp poc novi prostorii (3)

Јавното претпријатие „Паркизни на општина Центар“ се всели во нови простории.

Како што денеска рече директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните.

Пред две години, посочи Богдановиќ, си зададовме два приоритети: да го направиме претпријатието стабилно, кое само си ги сервисира обврските, и да воведеме нови поволности за центарци.

jp poc novi prostorii (5)

„Од претпријатие со проблеми и долгови, сега ЈП ПОЦ е на стабилни и здрави нозе. Жителите на Центар, веднаш по локалните избори добија бесплатен паркинг и заедно со Советот на општината и со градоначалникот воведовме картичка за грижа на трети лица, новинарски карти за паркинг, резидентни паркиралишта, со што се среди хаосот низ паркинзите, а гостинските часови ги зголемивме од 30 на 90“, рече директорот Богдановиќ.

Тој посочи дека фирмата е стабилизирана, вратен е долгот за комунална такса кон општина Центар, граѓаните од Соборен Храм добија олеснувања за паркинг местата и сега ЈП ПОЦ е финансиер на најтрофејниот кошаркарски клуб – Работнички.

Богдановиќ најави и нови проекти за подобри услуги за граѓаните.jp poc novi prostorii (4)

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба. Имало дури и идеја да се спои со паркинзите на Град Скопје. ЈП ПОЦ во тој период можел единствено да опстојува само ако бил финансиран од општината.

„Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновиве, често слушам дека ‘има разлика’. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

jp poc novi prostorii (2)

Тој, исто така, упати честитки за одличниот менаџерски резултат на директорот Богдановиќ и неговиот тим.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top