Насловна / Арт и дизајн / Трендови за 2024 година од најголемиот саем за мебел во Европа

Трендови за 2024 година од најголемиот саем за мебел во Европа

Најголемиот европски саем за мебел во Келн ги претстави најновите трендови во дизајнот на мебел кои ќе ја одбележат 2024 година. Со исклучителен дизајн и визуелни ефекти, акцентот е ставен на одржливоста, функционалноста и технолошките иновации.

9

Тукушто завршен, Саемот за мебел во Келн 2024 ја најави новата година во дизајнот на ентериери и постави трендови за иднината. Со јасен фокус на деловност, инспирацијата и вмрежувањето, настанот понуди единствена платформа и послужи како централна точка за пристап до европскиот пазар за дизајн на ентериер.

Саемот го претстави целиот спектар на индустријата, од иновативни решенија на талентирани почетници до врвни проекти на познати лидери на пазарот. Разновидноста на производите и трендовите на саемот ја покажаа динамиката и иновативната моќ на актуелниот свет на дизајн на ентериери.

Stand: Volker Weiss, Pure, Halle 3.2

Одржливоста во фокусот. Свеста за еколошките прашања сè повеќе влијае на дизајнот на мебел. Мебелот направен од рециклирани материјали, како и оној произведен со минимално влијание врз животната средина, беше во преден план. Овој тренд ја одразува зголемената побарувачка на потрошувачите за одговорни и еколошки свесни производи.

Stand: Fashion Interiors, Home, Halle 10.1

Дигитална интеграција. Интеграцијата на технологијата во секојдневниот живот исто така стана и дел од дизајнот на мебелот. Паметните парчиња, како што се маси и столици, нудат практичност додека го зачувуваат естетскиот израз. Дигиталната трансформација на домот ја нагласува потребата од интелигентни решенија кои го подобруваат нашето секојдневие.

Stand: Mobitec, Pure, Halle 4.2

Back to basics. Зголеменото, сеприсутно тежнеење кон животна едноставност се рефлектира и во трендот на минималистички мебел. Со целосно едноставен дизајн, компактни димензии и едноставни форми, грациозните парчиња мебел одговараат на секој простор. Овој дизајн претставува безвременска елеганција, а исто така заштедува ресурси без да се загрози квалитетот.

5

Радоста на боите. За разлика од минимализмот и земјените тонови, веселите и светли бои се најдоа како контратренд. Боите како црвена, жолта и зелена се намерно отстапување од пригушените палети на бои на новите колекции. Фотелјите и софите во овие атрактивни нијанси се особено впечатливи и му даваат ново искуство на просторот, ширејќи позитивна атмосфера.

6

Флексибилност. Мебел што може да се прилагоди на различните потреби на просторот станува се попопуларен, па затоа беше мошне застапен и на саемот во Келн. Модуларните системи им овозможуваат на корисниците сами да го креираат распоредот и функцијата на мебелот според нивните желби, што им дава посебна вредност.

7

Удобност и безбедност. Во време на неизвесност, желбата за безбедно и удобно засолниште се зголемува. Мирниот дизајн и површините пријатни на допир помагаат да се создаде релаксирана животна средина, така што сегашниот тренд ги фаворизира ткаенините, дезените и текстурите кои ги стимулираат сетилата, како и материјалите како дрво, кожа и природен камен, кои се повеќе се користат во завршната обработка на мебелот и зрачат со топлина и чувство на заземјување и поврзување.

Stand: Polipol, Home, Halle 10.2

Посетителите беа сведоци на динамична комбинација на функционалност, естетика и еколошка одговорност на овогодинешниот саем за мебел во Келн. Најновите трендови ветуваат инспиративни иновации кои ќе ја обликуваат иднината на дизајнот на ентериери, истакнувајќи ја важноста на рамнотежата помеѓу убавината и практичноста во нашите домови.

1

Испрати коментар

Scroll To Top