Насловна / Вести / „Траги“ на Јовановска во Мала станица

„Траги“ на Јовановска во Мала станица

mala stanica

Утре, 6 ноември 2014 година, со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Мала станица, ќе биде претставена самостојната изложба на Михаела Јовановска под наслов „Траги“.
Изложбата „Траги“ претставува амбиентална инсталација составена од повеќе сегменти, во која позиционираноста на делата во просторот провоцираат посакувана непосредна интеракција со набљудувачот. Од круцијален интерес за Јовановска е човекот и неговата мисла, физичката минливост во времето и просторот и емоционалната фрагилност, трансферирани симболично во реализацијата на делото преку материјалот со сите негови специфики (плексиглас и транспарентна безбојна фолија кои нудат проѕирност и цврстина) и постапките на изработка што ги користи (сечење, боење со безбојна и бела боја, врежана линеарност/мекост).
Целосно транспарентните човечки фигури, стилизирани и без конкретни физички карактеристики, претставуваат еден вид експресивни отпечатоци на телото во просторот (и времето), а преку отсуството на компатибилниот носител на физичката телесност, создаваат алузија на испразнетост на смислата и ја навестува драмата на човековото постоење.
Јовановска ја пренесува својата идеја за говорот на телото, постоењето и сеќавањето, како и начинот на кој ги пренесуваме, преку формулацијата на дела кои се движат од целосен приказ до исчезнување во конечна трага.

Испрати коментар

Scroll To Top