
Појасот со висок воздушен притисок „Анели“, во Европа донесе температури до 40 Целзиусови степени. Жешкиот воздух доаѓа директно од Сахара, и ги препотува луѓето во Велика Британија, Германија и во Франција.

Во Париз температурите достигнуваат речиси 40 Целзиусови степени. Во општинските совети се отворени простории со клима уреди. Градските службеници организирано преку телефон проверуваат кај постарите луѓе дали е сè во ред. Во станиците на подземната желзница се апелира патниците да пијат доволно вода. Некои бараат спас од жештините дури и во градските фонтани.

Во лондонската населба Вимблдон каде во тек е тенискиот турнир, неподносливо топло време и за играчите и за публиката. Средата со речиси 36 Целзиусови степени влезе во историјата на тенискиот турнир Вимблдон како најжежок ден.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија