Насловна / Вести / Расчистување на коритото на реката Драгор

Расчистување на коритото на реката Драгор

bitola korito_3

Општина Битола ја започна акцијата за расчистување на речното корито на реката Драгор во делот од железничкиот мост до мостот пред базата на ГД „Гранит“. Овој дел од коритото кој веќе со децении не бил исчистен, и за кој жителите од тој реон неколкупати доставиле барање, ќе се расчистува во должина од еден километар. Проектот целосно го финансира општината, а расчистувањето го врши ЈП „Нискоградбa“ Битола.bitola korito_2

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Кире Крстевски напомена дека расчистувањето на овој дел од коритото на реката Драгор би траело околу шеесетина денови, а отпадот што би го извадиле би бил околу 17 метри кубни.

Испрати коментар

Scroll To Top