Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Топ 5 земји според енергетската ефикасност

Топ 5 земји според енергетската ефикасност

map
Американскиот Совет за енергетски ефикасна економија  (American Council for an Energy Efficient Economy – ACEEE) изработи Студија за оценка на нивото на енергетската ефикасност во одделни земји, врз основа на 25 индикатори, во четири области: легислатива, индустрија, сообраќај и  згради. Притоа, земјите се оценети со соодветен број поени од максималните 100. На првите 5 позиции се најдоа следните земји:

1. Велика Британија

Со вкупно 67 поени, Велика Британија е прворангирана, пред сè поради енергетската ефикасност во индустрискиот сектор, и законите и политиките што ја стимулираат енергетската ефикасност.

2. Германија

Иако второрангирана, Германија со 66 поени покажала извонредни резултати во согласност со Студијата, пред сè поради легислативата што ја стимулира енергетската ефикасност, и иновативните решенија во сообраќајот.

3. Италија

На  Италија ѝ се доделени 63 поени, при што највисоките оценки ги добила за енергетската ефикасност во сообраќајот, додека енергетските перформанси на зградите се најлошо оценети.

4. Јапонија

Како резултат на промовирањето на енергетската ефикасност на национално ниво и примената на овие мерки во индустријата, Јапонија добила 62 поени.

5. Франција

Вкупно 60 поени за Франција, главно врз основа на добрите практики во индустрискиот сектор.

Испрати коментар

Scroll To Top