Насловна / Вести / Топ пет градби во светот најотпорни на земјотреси

Топ пет градби во светот најотпорни на земјотреси

Сајтот Interesting Engineering неодамна ги објави петте најотпорни градби на земјотреси, имајќи ги предвид укажувањата на професор Стјуарт, геолог од  Универзитетот Плимаут во Масачусетс, за тоа како земјотресите влијаат на градбите.

Profesor Stjuart geolog

Тој истакнува дека за проектирање на згради кои ќе бидат сериозно отпорни на земјотреси, мора да се има предвид  како  брановите се шират од основата кон конструкцијата на целиот објект. Во продолжение ви ја прикажуваме листата почнувајќи од позицијата број 5.

5. Sabiha Gökçen, аеродром во Истанбул

Sabiha Gökçen е еден од двата аеродроми во Истанбул проектиран од компанијата Ove Arup и има систем од 300 изолатори кои овозможуваат градбата да издржи земјотрес од 8 степени според Меркалиевата скала. Се работи за една од најголемите сеизмички изолирани конструкции во светот, која може да ги редуцира латералните сеизмички оптоварувања за 80%.

Istambul aerodrom Sabih Djokcen

4. Пирамида „Трансамерика“

Се работи за конструкција од 70-тите години на минатиот век, лоцирана во Сан Франциско. Силниот земјотрес во 1989 година со магнитуда од 6,9 степени не направил никакви оштетувања на оваа зграда благодарение на нејзината основа од челик и бетон, специјално проектирана со особина слободно да се поместува под влијание на оптоварувањата предизвикани од земјотрес.

Piramida Transamerika

3. Бурџ Калифа

Проектирањето на оваа зграда вклучува сериозни сеизмички и геотехнички истражувања. Резултатот е зграда која е исклучително отпорна и на латерални и на торзиони оптоварувања.

Burdz Kalifa

2. Тајпеи 101

Објектот изграден врз принципите на азиската култура „повисоко за да видиш подалеку“, е познат по единствениот придушувач на оптоварувањата предизвикани од земјотреси како и од ветровите. Се работи за т.н. „Tuned Mass Dumper“ (TMD), поставен помеѓу 87-миот и 92-риот кат  и озвозможува враќање на објектот во рамнотежна состојба со помош на масата на огромна топка.

Kula Tajpei 101

1. Филипини Арена

Арената со 55000 седишта не само што е една од најголемите во светот туку без сомнение е конструкција, која е најотпорна на земјотреси. Особено мора да се потенцира фактот што е лоцирана во едно од најтрусните подрачја во светски рамки, а дополнително локацијата е под закана и од тајфуни и цунами. Сите овие фактори се сериозно земени предвид од страна на проектантот – австралиската компанија Populous. Резултатот е извонреден систем на „сеизмичка изолација“ помеѓу основата и остатокот од конструкцијата – Lead Rubber Bearings (LRB), флексибилен композит од материјали со висока способност за дисипација на енергијата.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top