Насловна / Вести / The Wing – клуб наменет исклучиво за жени

The Wing – клуб наменет исклучиво за жени

Повеќето слушнале за т.н. џентлеменски клубови, каде што мажите со весници, пури и виски дебатираат за разни актуелности и работат на деловни стратегии, но малку е познато дека постојат и слични женски клубови. ентериер женски (4)

На пример, само во Њујорк низ 19 и 20 век имало повеќе од 600 различни женски групи. Во чест на ваквото „движење“, неодамна во Сохо, во Њујорк е отворен женски клуб The Wing. Клубот е дизајниран како заеднички деловен простор за деловни жени од повеќе професии, а исто така може да послужи како место за разни општествени настани, филмски проекции или нешто друго.ентериер женски (8)

Архитектката Chiara De Rege е задолжена за ентериерот, кој за релативно краток временски период е претворен од стар магацин во современа оаза. Ако ги погледнете фотографиите, ќе ви биде јасно дека дизајнерката успеала. Со просторот доминираат пастелни бои, зелени растенија и мебел кој комбинира неколку стилови.ентериер женски (7) ентериер женски (6) ентериер женски (5) ентериер женски (3) ентериер женски (2) ентериер женски (1)

Испрати коментар

Scroll To Top