Насловна / Вести / Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан емитуваат повеќе суфлур диоксид од сите термоелектрани во ЕУ заедно

Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан емитуваат повеќе суфлур диоксид од сите термоелектрани во ЕУ заедно

Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан (вкупно 18), во 2019 година емитувале двојно повеќе сулфур диоксид (SO2) споредено со сите такви постројки во ЕУ заедно, а ги има вкупно 221. Термоцентралата „Никола Тесла А“ во Србија, на пример, имала повеќе емисии на SO2, отколку сите такви електрани во Полска заедно, а таа земја (Полска) е најголемиот емитер на ова соединение во ЕУ, се истакнува во извештајот кој го изработиле организацијата  CREA (Centre for Research on Energy and Clean Air) и  Bankwatch. Податоците од извештајот исто така покажуваат дека Србија била најголем емитер на  SO2  во Европа во 2019 година. Според количината на емитуваниот  SO2 по GWh произведена електрична енергија, најголемиот загадувач во 2019 година била ТЕ „Угљевик“ во Босна и Херцеговина, која емитувала  1,1 тон SO2 по GWh електрична енергија.

sulphure2

CREA и Bankwatch предупредуваат на константата во однос на кршеето на правата за контрола на загадувањето на Западен Балкан и потсетуваат дека во ЕУ од 2016 година се затворени 30 електрани на јаглен, додека останатите ја усогласуваат својата работа со Директивата за индустриски емисии. Исто така се потсеува дека 17 од 18 термоцентрали на јаглен на Заапден Балкан, од 2018 година имаат обврска да ја применуваат Директивата за големи постројки за согорување на ЕУ, што би довело до значајни намалувања на емисиите на SO2, NOx и прашина. Овие две организации, го повикуваат Генералниот директорат за енергетика на Европската комисија да обезбеди санкционирање на кршењето на Договорот за основање на Енергетската заедница од страна на договорните страни, особено кога станува збор за непочитување на Директивата за големи постројки за согорување.

sulphure1

sulphure3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top