Насловна / Вести / Термоцентралата на гигантот Volkswagen, преминува од јаглен на природен гас

Термоцентралата на гигантот Volkswagen, преминува од јаглен на природен гас

Групацијата Volkswagen, најголемиот европски производител на автомобили, ќе вложи 400 милиони евра во реконструкција и пренамена на сопствената термоцентрала од јаглен на природен гас во комбиниран гасно – парен процес. Компанијата ќе набави нова гасна турбина со што ќе се овозможи производство на електрична и топлинска енергија истовремено. Инсталираните капацитети ќе бидат 424 MWe  (за електрична енергија) и 651 MWth  (топлинска енергија за фабриката но и за градот).

VW 1

VW2

Оваа пренамена на термоцентралата со промена на користеното гориво, ќе ги намали емисиите на  CO2  во германскиот град Волфсбург за дури 60% или 1,5 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно, што е еднакво на емисијата од 870.000 возила.

VW 3

Изведувачките работи треба да започнат оваа година, а со производство од новиот реконструиран капацитет ќе за започне во 2021 или 2022 година. Се работи за дел од поширокиот план на автомобилскиот гигант со кој настојува до 2025 година да го намали своето негативно влијание врз животната средина за 45% споредено со 2010.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top