Насловна / Вести / Темната страна на мостот Голден Гејт – околу две илјади самоубиства

Темната страна на мостот Голден Гејт – околу две илјади самоубиства

Една од најпознатите знаменитости во светот, висечкиот мост Голден Гејт, кој ги поврзува Сан Франциско со округот Марин, има темна страна која се однесува на речиси две илјади смртни случаи и децениски молби да се направи нешто за да се спречат самоубиствата што се случувале при скокање од мостот.

с5

На околу 95 отсто од култниот американски мост е поставена голема челична мрежа, која се простира со ширина шест метри и се протега на околу два километри и 700 метри.

„Целта на мрежата е да се намали бројот на смртни случаи поврзани со поединци кои скокаат од мостот“, се вели во соопштението на Дистриктот на автопатот и транспортниот округ на мост Голден Гејт. „Дизајнот на мрежата е таков што ги одвраќа луѓето од скокање, служи како симбол на грижа и надеж за очајните поединци. Ова е мрежа која им нуди на луѓето втора шанса“.

с2

Бројот на самоубиства ќе беше многу поголем доколку не била полицијата која успевала да ги убеди самоубијците да не скокаат од мостот отворен во 1937 година. На пример, во 2013 година, 108 луѓе биле спречени да скокнат од мостот.

Мрежата на спасот првпат е одобрена од градските власти во 2014 година, а работите започнале во 2018 година.

с4

Дури сега е целосно завршена изградбата, а чинела 224 милиони долари.

Денис Малиган, генералниот директор на мостот, вели дека мрежата, која е направена од нерѓосувачки челик за бродови, изгледа како „да се скока во ренде за сирење“.

с3

„Не е меко. Не е гума. Не се растега“, изјави тој за Асошијетед прес. „Сакаме луѓето да знаат дека ќе ги боли ако скокат.

Во 2023 година, додека проектот се ближеше на крајот, имало 14 потврдени самоубиства, што е половина од бројот на претходните години, пишува веб-страницата „Australia News“.

Испрати коментар

Scroll To Top