Насловна / Архитектура / „Тејт Модерн“ се проширува со нов галериски објект

„Тејт Модерн“ се проширува со нов галериски објект

tejt modern

Познатата лондонска галерија и музеј „Тејт Модерн“ се проширува со нова модернистичка градба што ќе биде отворена во јуни 2016 година, со што галерискиот простор ќе се зголеми за 60 проценти. Новата зграда што ќе се припои на јужната страна на постоечката галерија е дело на архитектите Херцог и де Меурон, а проектот веќе се смета за еден од најважните нови културни згради во Велика Британија по новата зграда на Британската библиотека отворена во 1998 година.tejt modern (2)

Новата зграда на „Тејт Модерн“ ќе овозможи нов простор за изложување уметност, за одржување перформанси и поставување инасталации, потоа за едукативен центар и место за социјализирање и релаксирање.tejt modern (3)

„Тејт Модерн“ се отвори во 2000 година во старата централа Бенксајд, и за кратко време стана најважниот изложбен простор за современа уметност во Велика Британија и еден од најпосетуваните музеи во светот.tejt modern

Испрати коментар

Scroll To Top