Насловна / Градежништво / Рециклирана гума како градежен материјал

Рециклирана гума како градежен материјал

gumi vo gradeznistvo (2)

Дали знаевте дека во светот годишно се произведуваа дури 1,4 милијарди гуми за потребите на автомобилската индустрија, а само на подрачјето на земјите членки на ЕУ годишно се собираат скоро 3,5 милиони отпадни гуми. Иако одлагањето на отпадните гуми во отпадот е забрането, сепак годишно недозволено се одлагаат 29% од отпадните гуми или 450.000 тони.

Рециклирањето на гумите спаѓа во доменот на одржливиот развој, бидејќи од употребените производи се создаваат вредни суровини кои можат да се користат во производство на иновативни производи. Имено, со механичката рециклажа на отпадните гуми се добиваат три суровини: гумени гранули, челични влакна и текстилни влакна. Во последно време гумата се користи во сементната индустрија, заменски енергент, подгоги за спортски терени и сл. Особено внимание се посветува на можностите за користење на отпадната гума при производството на бетон.

SONY DSC

Затоа стручњаците од Градежниот факултет во Загреб, заедно со уште 16 партнери од осум земји, спроведуваат опсежни истражувања з ада докажат дека сите компоненти на отпадните гуми може да се користат за правење бетон. Истражувањата се спроведуваат во рамките на европскиот проект  Innovative Reuse of All Tyre Components in Concrete– Anagennisi.gumi vo gradeznistvo (3)

Примената на рециклираната гума во бетонот, во иднина би овозможила на зградите и другите конструкции деформации во износ од 10% од нивната вкупна должина, 50 пати повеќе отколку во случај на конструкции градени од обичен бетон – велат на Градежниот факултет, и додаваат дека рециклираните челични влакна направени од висококвалитетен челик, во комбинација со индустриските челични влакна ќе придонесат за зголемена јакост на бетонот на свиткување, и намалена потреба од енергија дури до 97%.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top