Насловна / Вести / Тајфа Архитекти и Општина Карпош организираат работилница за планирање на локалитетот на фабриката Алумина

Тајфа Архитекти и Општина Карпош организираат работилница за планирање на локалитетот на фабриката Алумина

Планерската куќа ТАЈФА Архитекти ДООЕЛ и Општина Карпош организираат работилница која ќе се одржи утре, со цел прибирање на податоци и информации кои ќе послужат за процесот на планирање на локалитетот на поранешната фабрика Алумина – Скопје. Во интерес на планирање на просторот на транспарентен и партиципативен начин ги канат претставниците на невладиниот сектор да присуствуваат на работилницата на која ќе можат да дадат свој придонес во урбанистичкиот развој на овој простор со идеи, предлози и мислења.

Работилницата ќе се одржи утре, 19. април 2022 година од 14 до 18 часот во Мала сала, барака 1 во просториите на Општина Карпош.

Имајќи ја во предвид здравствената ситуација во земјата во врска со КОВИД САРС вирусот, како и ограничените просторни можности, присуство се најавува преку електронска пошта:

lazarevski@tajfa.mk

gordana.siljanoska@karpos.gov.mk

al

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top