Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Светските потреби за енергија до 2040 ќе се зголемат за 35%

Светските потреби за енергија до 2040 ќе се зголемат за 35%

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Со вакви прогнози се огласи  ExxonMobile, во својата анализа „Енергетска перспектива 2015: Поглед на 2040“, а истите  ги темели врз основа на растечките економии на одредени држави, како и на очекувањето дека светската популација во 2040 година дополнително ќе се зголеми за две милијарди. Се претпоставува дека побарувачката за нафта ќе се зголеми за 30%, при што овој енергенс тогаш ќе обезбедува три четвртини од светските потреби за енергија. Извозот на нафта од Северна Америка ќе биде поголем од извозот од Русија и од областа на Каспискиот басен.

За азиско-пацифичкиот регион во 2040 година е проектирано да се зголеми увозот на нафта за 80%, а дури 170% кога станува збор за гасот. Се очекува дека ова подрачје ќе биде најголемиот увозник на природен гас.

Со оглед на тоа што природниот гас има најниска стапка на емисија на издувни гасови, се очекува дека тој ќе биде енергенс со најбрзорастечка потрошувачка. Во 2040 година, експлоатацијата на природен гас ќе се зголеми за четири пати, а се очекува трговијата со течен и природен гас да порасне за трипати. Покрај тоа, во 2040 година употребата на природниот гас процентуално ќе ја надмине употребата на јаглен.

Ветерот, сончевата енергија и другите обновливи извори на енергија во 2040 година ќе обездедуваат околу 15% од светските енергетски потреби.

Испрати коментар

Scroll To Top