Насловна / Вести / „Адора Инженеринг“ добитник на признанието супербренд за 2013/2014

„Адора Инженеринг“ добитник на признанието супербренд за 2013/2014

adora

Градежната компанија „Адора Инженеринг“ го прими признанието супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија што во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг“, порача дека по 12 годишното успешно работење, овој  градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната титула Супербрендс за 2013/2014 година, како дел од 1000-те меѓународни брендови распоредени во 27 категории, од почетокот на 2013 година гласаа стручно жири и 8.000 потрошувачи.adora (2)

Испрати коментар

Scroll To Top