Насловна / Вести / Светски ден на заштитата на животната средина

Светски ден на заштитата на животната средина

Светскиот ден на заштитата на животната средина се одбележува на 5-ти јуни. Овогодишниот домаќин на одбележувањето ќе биде Колумбија, во партнерство со Германија, а фокусот ќе биде на зачувувањето на биодиверзитетот.  Популарниот назив за овој датум е исто така и „Ден на луѓето“, со цел да се укаже на поддршката и грижата на луѓето за планетата. Покрај тоа, одбележувањето на овој датум е глобална платформа на Обединетите нации за подигање на свеста за проблемот со глобалното затоплување, недозволената трговија со диви животни, загадувањето и циркуларната економија. Денот се одбележува од Конференцијата за заштита на животната средина одржани во Стокхолм во 1972 година, Програмата за заштита е наречена UNEP (United Nations Environmental Programme). Оттогаш, секоја година се организираат соодветни кампањи, локални акции, работилници и предавања во 143 земји ширум светот. Минатата година, главната тема беше загадувањето на воздухот.

june2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top