Насловна / Архитектура / „Atelier Villa“ сокриена во бујна џунгла на Костарика

„Atelier Villa“ сокриена во бујна џунгла на Костарика

Чешкото архитектонско биро „Formafatal“ предводено од Dagmara Štěpánová го изработи проектот за вилата „Atelier Villa“ која е неодамна завршена и е дел од одморалиштето Art Villas во Playa Hermosa, Костарика.

1_resize

Сокриено во бујна џунгла на Костарика ова мало одморалиште е простор што ги надминува вообичаените одмаралишта, инспириран од законите на дождовната шума.

2_resize

Извонредно сместена во стрмите крошни на џунглата „Atelier Villa“ ги брише границите помеѓу ентериерот и надворешноста и ја нагласува конструктивната едноставност и чистите линии (pura vida > pura arquitectura).

7_resize

Одморалиштето Art Villas е сокриено недалеку од градот Увита на ридот во џунглата над плажата Playa Hermosa. Три вили и еден повеќенаменски павилјон расфрлани се на парцела од два хектара. Кога инвеститорот им се обратил на архитектите, посакал да создаде место кое посетителите ги претопува со природата, го расчистува умот и истовремено овозможува луксуз и авантура. Тој сакал да создаде место кое длабоко навлегува во сечие срце. Архитектите од бирото „Formafatal“ ја следеа задачата на клиентот и беа инспирирани од атмосферата и разнобојноста на Централна и Јужна Америка.

10_resize

24_resize

„Atelier Villa“ е замислена како приватна резиденција за инвеститорот и неговото семејство. Поставена на стрма падина, призматичниот објект долг 26 метри делумно лебди над бујната тропска вегетација. Гледајќи надвор може да се види само оддалечениот океан и зелено брдо до тамо до каде допира погледот. Задниот ѕид свртен кон пристапот и соседните вили намерно е без прозори за да се задржи приватноста.

6_resize

„Првиот и најважен приорите не е само идеата „бришење на границите меѓу ентериерот и екстериерот“, туку и истакнување на конструктивната едноставност и чистите линии(pura vida >> pura arquitectura). Конструктивниот систем се состои од челични рамки со распони четири на четири метри“, велат архитектите.

22_resize

Дискретните бои на ѕидовите во комбинација со зелениот покрив овозможуваат вилата навистина да се спои со околината. Фасадите ориентирани кон џунглата и океанот се опремени со делови од перфориран алуминиум со големи димензии, кои не се загреваат на сонце и се отпорни на ‘рѓа. Ако се повлечат, тие се дуплираат како настрешница. Опсегот и шемата на перфорација се различни на секој од овие делови, со што се создава возбудлива игра на светлина и сенка внатре. Целиот заден ѕид е обложен со јагленисано дрво од со  стара јапонска техника.

25_resize

Внатрешноста на вилата го има истиот минималистички дух како што сугерира нејзината форма. Помошните простори и просториите за складирање, бањи и кујната се поставени долж задниот ѕид. Распоредот на остатокот од куќата е многу отворен; границите меѓу внатрешниот и надворешниот свет ги снемува и целиот простор се чини како покриена тераса. Лесните лизгачки преградни ѕидови, можат да послужат како алатка за создавање приватни зони и преградување на просторот според потребата. Пациото открива базен, делумно покриен и заштитен од жешкото сонце.

23_resize

Целиот ентериер е во тополи бои, земјени тонови на природни материјали. Целиот мебел, освен дневната и трпезаријата, се наменети за оваа вила и направени од локални мајстори.

/Users/dagmarformafatal/Dropbox/Atelier villa_pudorys_Formafatal 8_resize 9_resize 11_resize 12_resize 13_resize 15_resize 16_resize 21_resize 17_resize 18_resize 19_resize 20_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top