Насловна / Арт и дизајн / Светлечки нишалки на улиците на Бостон

Светлечки нишалки на улиците на Бостон

светлечки нишалки_2

Интересна инсталација е поставена како дел од експерименталниот фестивал Lawn on D, кој се одржува во Бостон. Фестивалот на отворено што до 31 октомври се одржува во Бостон е домаќин на оваа интересна инсталација наречена Wing Time.светлечки нишалки_1

Ова дело на архитектонското студио Howeler + Yoon се состои од дваесет кружни светлечки нишалки, кои се дизајнирани како интерактивна платформа на којашто луѓето може да се забавуваат и да се дружат. Во нишалките се вградени LED светла и сензори кои ја детектираат силата на нишање.

Кога нишалките се во состојба на мирување тие светат со лесна сина светлина. Кога лицето почнува да се ниша сензорот ја активира светлината, во зависност од силата на движење, станува посилна и преминува од сина до виолетова, создавајќи еден магичен ефект за набљудувачите и учесниците.светлечки нишалки_3 светлечки нишалки_4 светлечки нишалки_5

Испрати коментар

Scroll To Top