Насловна / Архитектура / Светлана Кана Радевиќ на поштенска марка во Црна Гора

Светлана Кана Радевиќ на поштенска марка во Црна Гора

Поштата на Црна Гора издаде серија поштенски марки насловена „Уметноста во Црна Гора низ вековите“. Меѓу другите значајни уметници од различни сфери, свое место во едицијата доби и Светлана Кана Радевиќ (1937-2000), една од најзначајните архитекти во Црна Гора. „Таа со својата работа го одбележа модерното движење во Црна Гора и постави стандард кој тешко се достигнува“, велат од Пошта Црна Гора.

2_resize

Карактеристика на нејзините архитектонски достигнувања е изборот на материјали и активното учество во креирањето на амбиентот.

Меѓу најзначајните дела на Светлана Кана Радевиќ се: хотел „Подгорица“, Автобуска станица во Подгорица, Хотел „Мојковац“, Спомен – комплекс на Барутана, детска градинка на Цетиње.

1_resize

Добитничка е на повеќе признанија и награди.

Дизајнерското решение на марката е направено од Романа Пехар, сликарка од Котор. Марката е со димензии 35,00×29,00 мм, а издадена е во тираж од 80.000 серии.

3_resize

0_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top