Насловна / Архитектура / Свеченост по повод приемот на Георги Константиновски за почесен член на МАНУ

Свеченост по повод приемот на Георги Константиновски за почесен член на МАНУ

Во Музеј на град Скопје, во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Архитектонската aкадемија (АА) се одржа свеченост по повод примањето на архитект Георги Константиновски во МАНУ како почесен член._DSC0517

Асоцијацијата на архитекти на Македонија му врачи благодарница за целиот вложен труд на архитект Георги Константиновски.zadnja

На свеченоста говореа претседателот на ААМ, архитект Сања Раѓеновиќ Јовановиќ и претседателот на АА, архитект Вера Ќосевска.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (2)

Архитектот Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ во своето обраќање посочи дека Константиновски е еден од тие професори кои оставиле огромна трага во нејзиниот живот и во начинот на размислување како архитект, но и како човек.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (6)

Според Раѓеновиќ-Јовановиќ, членувањето на Георги Константиновски во МАНУ е најубавото нешто што и се случило на архитектурата кај нас во последните децении.

„Архитектот Константиновски е еден од тие професори кои оставиле огромна трага во мојот живот и во мојот начин на размислување како архитект, но и како човек. Тој на предавањата беше секогаш одмерен, строг, дистанциран. Сфатив дека е тој професорот од кого највеќе сум ја научила архитектурата. Ја имав и таа среќа подоцна преку работа да го запознаам и малку приватно. Тоа беше еден сосема различен човек од мојот строг професор, полн со дух и весели шеги. Тие два лика на професорот составени заедно создаваат совршена личност“, рече Раѓеновиќ-Јовановиќ.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (10)

Од името на Архитектонската академија при ААМ, на свеченоста свое обраќање имаше претседателката Вера Ќосевска. Архитектот Ќосевска истакна дека за ликот и творештвото на Георги Константиновски е пишувано многу.

„Тој е личност позната и ценета далеку надвор од нашето опкружување. На Белградското триенале во 1991 година, архитектот Константиновски е посочен како најдобар архитект во поранешната држава Југославија и еден од 55 најдобри светски архитекти“, потенцираше Ќосевска.

Потсетувајќи ги присутните за проектите и остварувањата на авторот, Ќосевска истакна дека Константиновски поседува три стручни квалитети: „Тој е творец, професор – научник и публицист. Во секоја од овие области тој го достигнува врвот. Како творец остварува дела кои се референтни точки во архитектонскиот израз. Неговите објекти изградени во втората половина на минатиот век се симболи на тоа време“.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (4)

Според Ќосевска, нема ништо подобро да се каже за ликот и делото на Георги Константиновски и неговиот однос кон архитектурата од неговите мисли и зборови, а тоа е  „архитектурата е симфонија во просторот, која треба да го исполнува окото, душата и срцето“.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (9)

На крајот, свое емотивно и кратко излагање имаше и самиот академик Георги Константиновски, кој им се заблагодари на присутните, особено на своите студенти од сите генерации на кои им предавал, со кои подоцна и соработувал, и на крајот ги повика колегите од професионалната фела да се зачленат во Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), се со цел да се подигне нивото и квалитетот на асоцијацијата.svecenost za konstantinovski vo gradski muzej svecenost za konstantinovski vo gradski muzej (5)_DSC0533

Фото: Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top