Насловна / Архитектура / Стреа која штити од виетнамските горештини

Стреа која штити од виетнамските горештини

1 2

Едно одморалиште на топли минерални извори во близина на градот Nha Trang во Виетнам, ги овластува архитектите од а21 Studio да направат мал спа-центар приклонет кон еден рид. Ориентиран кон реката, „шаторот“ нуди можност за релаксација, изолиран од другите физички активности на центарот.

3 4 5

Стрмниот покрив целосно ја спречува сончевата светлина да навлезе кон внатрешноста, заштитувајќи ги патниците од интензивната топлина во регионот. Сводот на стреата е внимателно позициониран за да не се наруши структурата, ниту пак патеките што водат кон реката или градот. Употребени се локални материјали како камен и лисја од кокос. Заедно со карпите, челикот за зајакнување на конструкцијата и декоративните керамички плочки, овој проект добива органски и традиционален печат.

6 7 8 9

Во внатрешноста, програмски е поделен на две нивоа. На горниот кат е сместена приватна спална соба, обиколена со дрвени рамки и обоено стакло, додека долу по скалите се стигнува до „инфинити“ базенот со минерална вода, поставен на самиот раб со процепи од стреата кои отвораат величенствени погледи кон природата.

Испрати коментар

Scroll To Top