Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / И турските возови отсега со 250 km/h

И турските возови отсега со 250 km/h

35020808

Турција свечено ја отвори пругата за возови со голема брзина (TGV), која ги поврзува Анкара и Истанбул и го скратува времето на патување за половина. Возовите на пругата ќе сообраќаат со 250 километри на час. Ако досега со воз од Анкара до Истанбул се патуваше за седум, времето е скратено на 3,5 часа.

Изградбата на пругата за возови со голема брзина Анкара – Истанбул чинеше 4,25 милијарди долари. Оваа пруга требаше да биде пуштена во употреба уште во 2003 година, но работите се одолжија се досега.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top