Насловна / Вести / Стратегијата за шуми во ЕУ, предвидува садење на 3 милијарди стебла до 2030 година

Стратегијата за шуми во ЕУ, предвидува садење на 3 милијарди стебла до 2030 година

Новата Стратегија за шуми на Европската Унија (ЕУ), содржи план за активности за садење на 3 милијарди стебла до 2030 година, со што ќе се постигне бројот на нови стебла на крајот на деценијата да биде двојно поголем. Ваквата иницијатива е добар пример за нас, со оглед дека дрвјата кај нас безмилосно се сечат заради реализирање на градежни активности. Новата Стратегија за шуми на ЕУ, е дел од пакетот прописи Fit for 55, кој Европската Комисија неодамна го претстави.  Стратегијата ќе помогне да се оствари планираното намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, од најмалку 55% до 2030 година, и да постигне климатска неутралност до 2050 година, соопштила Европската комисија, напоменувајќи дека шумите се еден од клучните елементи во борбата против климатските промени и заштитата на биодиверзитетот.  Граѓаните ќе можат да го следат напредокот на оваа иницијатива преку веб сајтот и интерактивна мапа, а планот предвидува и изработка на онлајн иницијатива “бројач на дрвја“, каде што ќе биде достапна проценка на бројот на новозасадени стебла, почнувајќи од мај 2020 година. Европската комисија исто така ќе ги собере сите заинтересирани страни на конференција или состанок кој ќе биде организиран до првото тромесечие од 2022 година, до кога се очекува и објавување на насоките и визуелниот идентитетот на иницијативата.  Вакви иницијативи веќе постојат во различни земји ширум светот. На пример, во Пакистан, се спроведува проект кој предвидува садење на 10 милијарди стебла, а милијардитото дрво е веќе засадено.

forest1

forest2

Испрати коментар

Scroll To Top