Насловна / Вести / Странски фирми сакаат да го прават Панорамското тркало

Странски фирми сакаат да го прават Панорамското тркало

Panoramsko-trkalo-Massabni-viz0102
Тендерот за избор на фирма изведувач која ќе го изгрaди Панорамското тркало во Скопје е во тек.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека интерес пројавуваат како домашни така и странски фирми. Тендерот треба да заврши за околу еден месец, по што ќе биде избрана фирмата што ќе ги изведе градежните зафати. Проектот е финансиска инвестиција на ЈСП, за што во рок од пет години ќе бидат издвоени околу 12 милиони евра. Парите ќе бидат обезбедени од буџетот на претпријатието и од донации со домашни и приватни фирми.

Панорамското тркало треба да се издигне на нов мост преку реката Вардар во центарот на Скопје. Предвидено е да има 30 венецијански гондоли, секоја со капацитет за осум возрасни и две деца. Корпите за седење ќе се издигнуваат до максимална височина од 73 метри, додека дијаметарот на тркалото треба да биде 57 метри.

Испрати коментар

Scroll To Top