Насловна / Вести / „Скопје 2014“ ќе се разгледува со еколошки автомобили

„Скопје 2014“ ќе се разгледува со еколошки автомобили

rsz_pajton2 ЈП „Градски паркинг“ распиша тендер за набавка на пет електромобили, односно еколошки автомобили, кои ќе се изнајмуваат во центарот на градот за разгледување на спомениците и зградите од проектот „Скопје 2014“.
Борче Јакимовски, директорот на ЈП „Градски паркинг“, вели дека еколошки возила има во повеќе метрополи, па затоа и тие решиле да им понудат на туристите да го разгледуваат Скопје и со електромобили.

– Првично ќе бидат набавени пет возила, кои до април треба да бидат во функција, а во јули ќе купиме уште пет. Електромобилите ќе имаат шофер кој, покрај тоа што ќе ги вози, ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги објаснува знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што ќе ги изнајмат, самите да го возат, – вели Јакимовски.

Инаку, во електромобилите ќе има можност да се возат четворица. Тие ќе работат на струја, односно во нив се вградени акумулатори кои се полнат со електрична енергија. Зависно од моделот, цената на овие возила е од 7.000 до 10.000 евра, а ќе можат да се движат и во сообраќај, не само на пешачки зони. Од „Градски паркинг“ велат дека не знаат колкава ќе биде цената за изнајмување, но знаат дека возилата ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот.

Еден коментар

  1. Градот е загаден со преку сто и педесет илјади возила, од кои околу 60% неисправни од аспект на издувни гасови.
    Овие пет ќе ја спасат ситуацијата.
    Чинат двапати повеќе од сoодветен автомобил на бензин, кој исто не произведува ПМ10 и полициклични ароматсји хидрокарбонати.
    Нема да можат да формираат цена, а да не е барем четири пати пониска од трошоците.

Испрати коментар

Scroll To Top