Во своите дизајни, Алвар Алто ги комбинирал функционалните идеи на Баухаус со скандинавската занаетчиска традиција и силно чувство на единство со природата. Ова довело до размена на идеи со Марсел Бројер, а подоцна влијаело и врз работата на двајцата.

Столицата Model No. 41 дизајнирана од Алто за санаториумот Paimio од 1929–32 година, за кој го проектирал објектот и ентериерот, ги демонстрира радикалните можности на свитканото дрво во неговата грациозна, спирална форма, лишена од прави агли и остра геометрија.

Дизајнирајќи ја оваа столица за употреба во санаториумот, Алто се обидел да создаде форма што ќе биде и ментално и физички смирувачка за пациентите и ќе помогне во нивното закрепнување. Како и неговите европски колеги, финецт Алто бил длабоко заинтересиран за истражување на нови техники на производство и употреба на материјали во својата потрага по модерен дизајн на мебел, фаворизирајќи лесни, дематеријализирани форми со драматични конзоли.

Додека многу од неговите колеги го истражувале потенцијалот на челичните цевки, Алто ја претпочитал топлината и тактилноста на дрвото. Во овој дизајн, тој експериментирал со иверица и бреза од неговата родна Финска. Седиштето и наслонот се изработени од истото парче дрво, кое завршува со волути на двата краја, функционирајќи како структурен и декоративен елемент.
Столицата е исклучително погодна и за сериско производство, бидејќи вклучува многу малку компоненти и со тоа малку работа на склопување.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија