Alyssum maritima, или како што популарно се нарекува меден цвет, потекнува од јужна Европа. Родот има околу 80 видови и повеќето од нив се од медитеранскиот регион.

Овој цвет е едногодишно растение, расте до 10-15 центиметри и најчесто се користи како покривка за земјата.
Цветовите се мали и групирани во гроздови, а мирисаат на мед и се вистински магнет за пчелите.

Изгледа многу убаво кога е засадено во карпеста шума, по работ на патека, како покривка за земја под високи растенија, а може да се сади и во жардиниери на тераси.

Сака сончеви места, но може убаво да расте и во делумна сенка. Оптималната температура за сеење и развој е околу +15- +18 Целзиусови.
Може да се посее директно во градината кога ќе помине опасноста од мраз. Сака варовничка, умерено влажна и хранлива почва, со добра дренажа и не сака премногу наводнување.

За да цвета подолго, прецветаните цветови треба редовно да се отстрануваат, а понекогаш треба малку да се кастри. Многу брзо повторно формира грмушка и продолжува да цвета.
Цвета до доцна есен, дури и кога ќе започнат првите мразови.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија