Насловна / Архитектура / Стефоска: Охрид и Струга немаат волја за заштита на културното наследство на УНЕСКО

Стефоска: Охрид и Струга немаат волја за заштита на културното наследство на УНЕСКО

И покрај покренатата иницијатива од граѓанскиот сектор, која доби поддршка и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), за заштита на објектот ресторан „Парк“ на брегот на Охридското езеро како архитектонско и културно наследство од уривање, поради изградба на четирикатен хотел, како и покрај укажувањата за нерегуларности поврзани со случајот, инвеститорот веќе пристапил кон демонтирање на покривната конструкција.

park

Во врска со градежните активности на објектот реагираше и министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска со официјално соопштение.

„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани  Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство“.

park1

Стефоска во изјава за Слободен печат пред десетина дена упати најостра осуда за непочитувањето на препораките на реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и на прекршувањето на Законот за управување со светското и природното културно наследство на Охридскиот регион, како и на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион за случајот во кој Општина Охрид дозволила уривање на вреден објект од охридското културно наследство на само 50 метри од езерските води и на негово место изградба на четирикатен хотел.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top