Насловна / Архитектура / Полемика околу новото дело на Frank Gehry во францускиот Arles

Полемика околу новото дело на Frank Gehry во францускиот Arles

Прилично се измешани реакциите на веста дека еден од најпознатите светски архитекти, Frank Gehry, ќе отвори огромна кула во францускиот Arles. Додека едни се восхитуваат на оваа голема градба и ја сметаат за нова сензација во светот на архитектурата, други сметаат дека е целосно неприлагодена на францускиот град, кој го прославиле и многу уметници, на чело со Винсент ван Гог.

2_resize

Односно, дека наликува на кое било друго негово дело, па така не го зема во предвид контекстот на опкружувањето во кое се гради. Фондацијата Luma деновиве најави дека планираниот креативн кампус во Arles на Gehry ќе биде отворен на 26 јуни.

3_resize

Сместен во Паркот des Ateliers, кампусот со површина од 27 хектари е идеја на швајцарската колекционерка Маја Hoffman, која основала уметничка фондација. Меѓу советниците е и Hans Ulrich Obrist, кој го започна познатиот проект Галерија Serpentine во Лондон, каде познати архитекти градат структури на три месеци, во Hyde Park, веднаш до галеријата.

1_resize

Кулата има 11.000 плочи од не’рѓосувачки челик. Просторот од 15.000 квадратни метри ќе биде дом на изложбени галерии, проектни простори и истражувачки и архивски објекти на фондацијата за работилници и семинари. Gehry како инспирација за проектот ја наведува сликата на Ван Гог „Ѕвездена ноќ“, а потоа, како што изјави, „карпите во регионот кои изгледаат како да лебдат“ и „план на римски амфитеатар“. Пејзажниот архитект Bas Smets ги уредува градините и јавниот парк.

4_resize

Покрај за љубителите на уметноста, Arles е мека и за љубителите на фотографијата, фестивалот Les Rencontres d’Arles носи повеќе од 100.000 посетители. Кампусот на Hoffman сака да привлече нова и глобална публика, а Luma Arles треба да биде простор за соработка помеѓу „уметниците и иноваторите на иднината“.

Да се потсетиме Frank Gehry, се прослави со музејот Гугенхајм, најпрво во Америка, потоа во Билбао, Шпанија, по што ја изгради салата Walt Disney во Лос Анџелес.

5_resize

Откако овој архитект го подигна Музејот Гугенхајм во северна Шпанија, почна да се зборува за „ефектот Билбао“, кој од нашуштен индустриски град постапно се развиваше во речиси светилиште на современата архитектура, притоа остварувајќи значителни финансиски придобивки.

Инаку првите поголеми нарачки Gehry ги доби во своите доцни 50-ти години, а музејот во Билбао, кој го прослави низ целиот свет, го направи на 62-годишна возраст.

6_resize

Роден е во Канада во 1929 година под името Frank Goldberg, но на иницијатива на неговата прва сопруга Anitа Snyder го сменил името во Frank Gehry. Најголемиот дел од животот го помина во Америка прво како студент на UCLA и Универзитетот Харвард, па има и двојно државјанство. Има неколку канцеларии низ светот, но најчесто е на западната страна на САД. Има куќа во Санта Моника и канцеларија во Лос Анџелес, која ја отвори уште во далечната 1961 година, откако се врати од Париз, каде што поминал две години на стипендија.

7_resize

Го опишуваат како човек со две лица: едното е создадена од медиумите кои го претставуваат како „поп“ sвезда од Калифорнија, а другото е сосема поинакво: тој е опсесивен перфекционист, постојано истражува, обожува сè што е чудно и апсурдно .

Во една прилика изјави: „Јас сум опседнат со архитектурата. Се обидувам да најдам начин како најдобро да придонесам за светот кој е исполнет со противречности и во кој нашите вредности постојано се преиспитуваат. Верувам дека архитектите во мал обем, можат да придонесат, да создадат убав контекст за животна драма “.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top