Насловна / Вести / Стан во кула Skyline, Белград – поттик за преиспитување на станбената изградба

Стан во кула Skyline, Белград – поттик за преиспитување на станбената изградба

Што е тоа добар стан? Додека Белградската школа на домување имаше јасни правила и критериуми во однос на организацијата и употребната вредност на станот, современата архитектонска практика се најде во криза без јасна насока, идеја и идентитет, пишува Градња.рс.

4_resize

Денес добар стан е оној кој ги задоволува потребите на корисникот. Во оваа смисла, целта на современите архитектонски и дизајнерски практики е преобликување и прилагодување на наследените и новите структури на животниот стил на корисникот – неговите желби, навики и аспирации.

2_resize

Ентериерот на станот во новата кула Skyline во Белград, проектиран од архитектите од белградското биро Unknown Studio, е пример за добра практика која може да послужи како поттик за преиспитување на забрзаната станбена изградба со која Белград се соочува веќе со години, продолжува Градња.рс.

0

Овој ентериер ја прилагодува затечената состојба на генеричката основа на реалните потреби на клиентот, на таков начин што во наследената рамка ќе внесе дополнителна динамика и топлина.

1_resize

„Во време кога становите во новите згради стануваат бескраен шаблон на конструктивна и квадратна оптимизација, ние како проектанти се обидуваме со својот пристап и дизајн да создадеме простор прилагоден по мерка на нашите клиенти “, наведуваат архитектите. Имено, тие тргнуваат од тоа што становите во новите згради се скроени за непознати корисници, и дека по купувањето неопходна им е доработка и прилагодување.

5_resize

Со цел од типичното да направат конкретно, а преку внимателен избор на материјали и елементи, архитектите од Unknown Studio успеале да ги нагласат сите квалитети кои го карактеризираат овој стан, како и да ги ублажат и отстранат неговите недостатоци. Поедини елементи на станот со својата големина и позиција се пренагласени, додека други се редуцирани.

7_resize

Покрај тоа, архитектите се трудат една типична просторна структура на трособен стан да приспособат на преференциите и вкусот на корисникот. Својата намера ја остваруваат преку стилизирање на просторот и нагласени контрасти, но и примена на нетипични елементи на неочекувани места.

8_resize

ОГЛЕДАЛА И РЕФЛЕКСИИ

Во генеричкиот растер на еднострано ориентираниот стан, архитектите користат огледала и нивната рефлексија за визуелно да го продолжат просторот и со тоа да му дадат препознатлив идентитет. Аголот што го формира сервисниот блок, а кој се наоѓа во центарот на станот, целосно е обложен со огледала. Ова резултира со многубројни преклопени перспективи. Во исто време, сервисниот блок е стожер на просторната ориентација.

14_resize

Од друга страна, зоната за дневни активност која го сочинува влезниот дел, кујната со трпезарија и дневната соба со лоѓија, решени се како тотал дизајн кој следи јасна естетска линија. Сите секундарни елементи го следат тонот и текстурата на дабовото дрво, додека останатите елементи се во бела или црна боја.

Изборот на мебел, неговиот тон и форма му дава на просторот нота на елеганција, сериозност и умереност. Сите поединечни елементи се хармонично интегрирани и формираат заокружена целина.

9_resize

Посебна атракција на овој дел од станот е кујната со издвоен остров со неправилна геометрија. Поставката на овој елемент во контекст на „отворениот план“ на дневната соба му дава на просторот повеќенаменски карактер. Можност за кружна врска на ограничениот простор му дава нота на флексибилност.

Кујната е „на лакт“, а опремена е со најсовремени апарати за домаќинство и издвоен дел за дегустација на пијалоци (виски и вино). Дизајнирски е решена како смена на отворени и затворени делови, дрвени и бели површини.

16_resize

ВИСОКО СЕДЕЊЕ НАМЕСТО ТРПЕЗАРИСКА МАСА

Интересно е што овој стан нема класична трпезариска маса, туку ручавање решено како „високо седење“. Тоа директно го отсликува животниот стил на корисникот, и дека овој стан не е наменет за традиционално семејство.

10_resize

Во ноќната зона се издвојува главната спална соба со простран гардеробер и сопствена бања која е функционално организирана. Работната соба е помала, но нуди можност за непречена работа од дома.

11_resize

12_resize

6_resize

01_resize

14_resize

15_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top