Насловна / Арт и дизајн / Стаклото како инспирација – изложба во павилјонот на Мис Ван дер Рое, Барселона

Стаклото како инспирација – изложба во павилјонот на Мис Ван дер Рое, Барселона

Фондацијата Mies van der Rohe и Side Gallery ја претставуваат интервенцијата на дизајнерката Сабине Марселис од Ротердам „Без страв од стакло, која претставува смела визуелно хипнотизирачка изложба од стакло, со фокус кон неговите материјални способности. Сабине Марселис создаде своевиден сублимат од повеќе делови, каде стаклото е клучниот елемент, како одговор на барањето упатено до Миес ван дер Рое „да не користи премногу стакло“ за време на изградбата на германскиот павилјон во 1929 година.

6 2 Миес ван дер Рое и Лили Рајх ги користеа материјалите за да ги тестираат своите архитектонски идеали, на ист начин како што Марселис експериментира со материјалите и нивното производство за да создаде нови апликации кои ќе се во интеракција со материјалноста и формите на павилјонот.

Парчињата дизајнирани од Сабине Марселис за оваа изложба користат стакло и травертин, туркајќи ги границите на нивната материјалност и структурен состав на начин што изгледа како да растат и да се истиснуваат од архитектурата на павилјонот.

Марселис создава две големи целини кои се подигаат од земја со ширење на травертинското поплочување за да формираат основа, пресечена со закривено стакло што очигледно е сегментирано на ѕидовите. Двата материјали се здружуваат за да станат скулпторски мебел, при тоа функционален “.

1 3 5

„Сабине Марселис се среќава со Миес ван дер Рое во еден од неговите најисконски и најрепрезентативни простори. Таа интелигентно ги погледна материјалите на објектот ( стакло, травертин и хром) за да дизајнира серија нови парчиња што се чини дека произлегуваат од самата архитектура на просторот: две лежалки, фонтана и два светлечки столбови. Тоа не е обид за истиснување на постојните елементи, туку суптилни агитации кои нежно се мешаат во Декартовиот ред на павилјонот. „Без страв од стакло“ не е само самостојна изложба, тоа е и химна на бесконечните можности што модернизмот сè уште ги нуди и кои Сабине Марселис живописно ги отклучува пред нашите очи“.

8

Павилјонот има осум хромирани столбови кои ја обезбедуваат структурната поддршка. Марселис претставува деветти огледален стаклен столб  која функционира како светилка и е поставена во линија со конструктивниот систем, спојувајќи се со архитектурата, и по форма и по материјалност. Во прилог на хромираниот и стаклениот столб, се издигнува заоблена стаклена фонтана сместена во надворешнПавилјонот Барселона од Миес ван дер Рое со Лили Рајх го отелотворува духот на модерната архитектура на 20 век изграден од Германците во 1929 година, тој е истовремено моќно ремек дело и смел предизвик за соочување, но не и за дизајнер од рангот на Марселис. Нејзината волшебна мешавина на самоконтрола и непоколебливост е проткаена со инстинктивен талент. Свесна за предизвикувачката задача, Сабине Марселис ја третира оваа историска скапоцена бела ракавица, воспоставувајќи дијалог, оставајќи ја градбата да зборува “.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top