Насловна / Архитектура / Стадионот со „златна фасада“ еден од симболите на првенството во Катар

Стадионот со „златна фасада“ еден од симболите на првенството во Катар

„Златниот“ Lusail стадион во Катар ќе биде домаќин на финалето на FIFA Светското првенство 2022. На овој стадион ќе се одиграат вкупно 10 натпревари во склоп на настанот, а официјално е отворен на 9-ти септември.  Проектиран од страна на реномираното британско студио Foster + Partners, стадионот со 80.000 седишта се наоѓа северно од Доха. Со својата „златна“ фасада проектиран е да биде впечатлив дел од градот. 

lusail1

lusail2

Перфорираната фасада која ја пропушта светлината во внатрешноста нa стадионот е составенa од бројни рамни триаголни елементи потпрени на челична рамка за да се добие закривена форма. Создавањето на импресивна атмосфера за гледачите и играчите била почетната точка за дизајнот. И покривот и фасадата се изведени на начин кој обезбедува пониска потрошувачка на енергија. Стадионот е оценет со 5 ѕвездички според Глобалниот систем за проценка на одржливоста. Стадионот е последниот објект кој е завршен во очи на настанот кој започнува на 20-ти ноември, а финалето е планирано за 18-ти декември.

lusail3

lusail4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top